ХОЛАНДИЈА БАРА БРЗО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА

    ХОЛАНДИЈА БАРА БРЗО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈАПредлогот на Законот за спречување и заштита од дискриминација е на дневен ред денеска во Собранието. - Холандскиот амбасадор Воутер Пломп на отворање на изложба (Фото: СДК.МК)

    Холандија бара брзо донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација во Собранието, како еден од реформските закони потребни за исполнување на условите за почеток на преговори со ЕУ.

    „Се надеваме на брзо комплетирање на процедурата за усвојување на Законот за спречување на дискриминација во Собранието. Неопходно е да се подобрат законите и практиките, посебно тие наведени во извештаите за напредокот кон ЕУ“, твитна холандскиот амбасадор Воутер Пломп.

    Предлогот на Законот за спречување и заштита од дискриминација е на дневен ред денеска во Собранието и е предвидено да се донесе по скратена постапка, бидејќи е со европско знаменце.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира