ХОЛАНДИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ЕВРОАТЛАНТСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СТРОГ И ПРАВИЧЕН ПРИСТАП, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ ПЛОМП

    ХОЛАНДИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ЕВРОАТЛАНТСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СТРОГ И ПРАВИЧЕН ПРИСТАП, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ ПЛОМП„Во овој момент е важно да се види понатамошно одржување и продлабочување на реформите преку континуирано спроведување на новото законодавство“, вели холандскиот амбасадор Пломп. (Фото: М. Златевска)

    Холандија отсекогаш била и ќе продолжи да биде пријател и партнер на Македонија и да ја поддржува нејзината евроатланска интеграција врз основа на строг и правичен пристап, вели холандскиот амбасадор Ваутер Пломп откако во јавноста беше објавен нон-пејпер на дел од членките на ЕУ, во кој е наведено дека Македонија не направила суштински напредок во спроведувањето на реформите и не ги исполнува условите за почнување претпристапни преговори со ЕУ.

    „Го забележуваме напредокот што македонските институции во текот на изминатата година го направија во спроведувањето на реформите, меѓу другото и во областа на владеење на правото. Во овој момент е важно да се види понатамошно одржување и продлабочување на овие реформи преку континуирано спроведување на новото законодавство. На 26 јуни Советот за општи работи на Европската Унија ќе решава за препораката на Европската комисија за почеток на преговорите“, вели холандскиот амбасадор во писмена изјава.

    Амбасадорот Пломп додава дека неговата земја ги следи интензивираните преговори со Грција за решавање на прашањето со името и искрено се надева дека наскоро ќе биде постигнат заемно прифатлив договор.

    „Холандија ќе продолжи да ја поддржува Македонија обезбедување на финансиска помош и експертиза во некои од најважните области како што се владеењето на правото, човековите права и доброто владеење“, вели Пломп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира