ХОЛАНДИЈА НЕ Е ЗАДОВОЛНА ОД БУГАРСКАТА БЛОКАДА ВО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА

    ХОЛАНДИЈА НЕ Е ЗАДОВОЛНА ОД БУГАРСКАТА БЛОКАДА ВО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈАРуте се надева дека по изборите во Бугарија ќе биде отстранета блокадата за почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. - Холандскиот премиер на пат за Словенија (Фото: Твитер)

    Холандскиот премиер Марк Руте не е задоволен од бугарската позиција кон Северна Македонија, истовремено блокирајќи го почетокот на преговорите со Албанија, објави „Јуроњуз“. Руте се надева дека по изборите во Бугарија ќе биде отстранета блокадата за почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија.

    „Мора да почекаме на изборите во Бугарија, но не сум задоволен од фактот што почетокот на преговорите со Северна Македонија сè уште е блокиран. Мислам дека мора да биде одблокиран во најкус можен рок. Се надевам дека тоа ќе се случи по изборите во Бугарија. Ќе направиме сè што можеме за да го постигнеме тоа“, изјави Руте на почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

    Парламентарните избори во Бугарија, трети годинава, се закажани за 14 ноември.

    На Самитот во Словенија, австрискиот канцелар Себастијан Курц кажа дека ако ЕУ не понуди сериозна перспектива за земјите од Западен Балкан, тогаш членките на ЕУ мора да бидат свесни дека други големи сили, како Русија, Кина или Турција, ќе се обидат да ја пополнат таа празнина.

    На Самитот во Словенија, лидерите на ЕУ разговараат со лидерите на Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора за европската перспектива на шесте земји од Западен Балкан.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира