ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ОДБИ ДА ГО БЛОКИРА ПОЧЕТОКОТ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈА

    ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ОДБИ ДА ГО БЛОКИРА ПОЧЕТОКОТ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈАДвајца холандски пратеници, Ренске Лејтен од Социјалистичката партија и Вики Мејер од Партијата на слободата, поднесоа речиси идентични предлог-резолуции против одредување датум за преговори со ЕУ. - Холандскиот парламент (Фото: Јуроњуз)

    Холандскиот парламент вчера ги одби двете предложени резолуции да не се поддржи почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија. Двајца холандски пратеници, Ренске Лејтен од Социјалистичката партија и Вики Мејер од Партијата на слободата, поднесоа речиси идентични предлог-резолуции против одредување датум за преговори со ЕУ. За предлогот на Мејер гласаа 22 пратеници, а против беа 128, додека предлогот на Лејтен доби поддршка од 48 пратеници, а 102 беа против.

    За разлика од овие два предлога, холандскиот парламент ја усвои резолуцијата да не се отвораат пристапни преговори со Албанија, откако „за“ гласаа 105 пратеници од вкупно 150.

    Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера му кажа на претседателот Стево Пендаровски дека не сите земји членки на ЕУ се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови. На Пендаровски, кој беше во Брисел во прва официјална посета во странство, Туск му рече дека треба да се биде внимателен затоа што понекогаш постигнувањето консензус меѓу 28 земји знае да трае подолго.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари