И БАЛКОНОТ НА БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БИЛ СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА ВРЕДЕН 26 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И БАЛКОНОТ НА БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БИЛ СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА ВРЕДЕН 26 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ

    Општинската зграда во Битола не е заведена како споменик на културата во ниту еден од списоците со културно наследство што се достапни на интернет, а сепак 26 учесници на протестите добија кривични пријави за боење баш на таа зграта. Објектот не е споменат како културно наследство ниту на веб страниците на Општината и на битолскиот Завод за заштита на спомениците. На списоците како објекти под заштита се посочуваат повеќе куќи на Булеварот „Први Мај“, но не и општинската зграда.

    Во петок во соопштението од  МВР за поднесените кривични пријави против 26 учесници на протестите на Шарената револуција кои ја шарале општинската зграда, пишуваше дека таа е во евиденцијата за културно –историско наследство на подрачјето на Битола, односно културен споменик. Кривични пријави добија оти „оштетувале туѓи предмети“.

    „Пријавените одделно и во различни периоди делата ги извршувале на начин што со фрлање на тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата од зградата“, пишува во полициското соопштение за кривичните пријави против 26 битолчани кои учествуваа во протестите против градоначалникот Владимир Талевски.

    Протестите ги организира „Битолско движење“ поради аболицијата со која градоначалникот Талевски беше помилуван од претседателот Ѓорге Иванов. Талевски е првоосомничен во предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за злоупотреби на општинскиот буџет со манипулации за превозот на учениците, со што според СЈО направил штета на државата од 360.000 евра.

    Повеќето од демонстрантите првпат слушнаа дека општинската зграда со балконот на градоначалникот Владимир Талески се културно наследство. Објектиот бил изграден во „српско време“, во триесеттите години од минатиот век кога Вардарскиот дел на Македонија бил дел од кралска Југославија. Зградата била подигната за потребите на тогашната војска. Таа намена ја задржала и во социјалистичка Југославија кога таму беше сместена командата на ЈНА во Битола. Од таму и во Битола таа зграда се уште граѓаните си ја викаат „Дивизијата“.

    Во самостојна Македонија во времето кога владееше СДСМ зградата и ја даде на општината за да се раскомоти зашто беше сместена во помал објект за кој плаќаше кирија на црквата. Само што беше реновирана „Дивизијата“, следуваа локалните избори на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, па во новиот кабинет се смести градоначалникот Владимир Талевски.

    „Објавија дека е историски споменик дури сега откако почнаа протестите. Ни плочка има, ни обележје има дека е културен споменик. Целта е да ги казнат младите  и да одат в затвор. Но тоа нема да се случи, ако треба напред ќе застанеме пензионерите и ние ќе гаѓаме со боја“, вели битолчанецот Неџат Јусуфи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира