И ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ГО ОСУДИ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ

    И ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ГО ОСУДИ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ„Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде“, рече осудената за „Тенк“ Гордана Јанкуловска за ТВ21 и додаде дека ќе продолжи да присуствува на судските рочишта (Фото: СДК.МК)

    Осудената ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го осуди бегството на пратеникот и експремиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и побара политички азил пред да почне да ја служи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

    „Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде“, рече Гордана Јанкуловска за ТВ21 и додаде дека ќе продолжи да присуствува на судските рочишта.

    Јанкулоска е осудена на 6 години затвор за „Тенк“ за набавката на мерцедесот од 600.000 евра за МВР по нарачка на Груевски. Оваа пресуда уште не е правосилна поради жалбениот рок.

    Јанкулоска е обвинета и во „Титаник“, за што денеска има закажано судско рочиште, и во „Тврдина-Таргет“.

    Бегството на осудениот Груевски вчера го осуди и ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, обвинет во неколку случаи на СЈО, меѓу кои и „Титаник“, кој од утринава е во притвор. Тој рече дека бегството ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде се заедно обвинети со Груевски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира