И НАТО ГО ПОВИКА ИВАНОВ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПОМИЛУВАЊЕТО

    И НАТО ГО ПОВИКА ИВАНОВ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПОМИЛУВАЊЕТО

    Речиси координирано со Европската комисија и со Амбасадата на САД во Македонија кои ја поздравија одлуката на Уставниот суд, но порачаа дека аболицијата на Иванов мора да биде укината, се јави и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

    Тој денеска, како што јави Ројтерс ја предупреди Македонија да не дозволи политичката криза да и ги урне надежите за влез во Северноатлантската алијанса.

    Во својата прва реакција за кризата, Столтенберг го повика претседателот Ѓорге Иванов да го повлече помилувањето на политичарите и нивните соработници.

    „Вратата на НАТО e сè уште отворена, но особено е важно лидерите во земјата да се справат со проблемот на владеењето на правото, а тука спаѓа и повлекувањето на неодамнешното помилување кое го даде претседателот“, додавајќи дека мора да се обезбедат минималните услови за нормален политички и демократски живот во земјата.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира