И ПРЕКУ БАРИКАДИ ЧАТАЛОТ ГО БОИ СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ПРЕКУ БАРИКАДИ ЧАТАЛОТ ГО БОИ СОБРАНИЕТО

    Барикадите поставени пред Собранието не ги спречија демонстрантите да ја шараат фасадата. И од среде булевар балоните со боја исфрлени од големиот чатал досегнуваат до Собранието, а успешни се малите чаталчиња кои вечерва ги има во многу голем број.

    Демонстрантите на Шарената револуција пред Собранието полицијата ги пречека со барикади поставени до средината на булеварот за да се намали можноста за употреба на чаталот.

    Главниот транспарент на денешниот протест е „Селективна правда е неправда“. Истата порака но на англиски јазик демонстрантите ја напишаа на асфалтот пред ЕУ Инфоцентарот, кој вечерва им беше прва точка за застанување.

    Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Стоп за употребата на притворот како мерка за заплашување!“ и „Ова е јавна чистота“.

    Пред почетокот на протестот претседателот Ѓорге Иванов се обрати на нацијата и соопшти дека ги повлекол помилувањата за 22 политичари, а остантите требало сами да го побараат тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари