И СУДЕЊЕТО ЗА „ТЕНДЕРИ“ НА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА КАКО „ЛАСКАРЦИ“ ЗАГЛАВИ ВО СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕ, НЕ МУ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ

    И СУДЕЊЕТО ЗА „ТЕНДЕРИ“ НА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА КАКО „ЛАСКАРЦИ“ ЗАГЛАВИ ВО СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕ, НЕ МУ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТПет години како е обвинета во овој случај поранешната министерка за култура. (Фото:СДК.МК)

    Долготрајниот судски процес познат како „Тендери“ во кој повеќе од 5 години е обвинета ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, уште нема завршница и во моментов е заглавен на супервештачење.

    Канческа-Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

    Место утре, расправата се презакажува за 16.02.2022 година, бидејќи предметот со сите списи сè уште не се вратени од надлежното Биро за судски вештачења.

    Поради претходно изведени два спротиставени вешти наоди, а заради доследно почитување на одредбите од ЗКП, судот на 06.04.2022 година предметот го достави на надлежно постапување во Бирото за судски вештачење со наредба за изготвување на супервештачење од областа на градежништво и урбанизам. Со оглед на тоа дека предметот уште не е вратен во судот и досега се отповикани седум насрочени расправи, а воедно судот на два наварти се има обратено до Бирото со барање за прецизирање на рок – кога наодот ќе биде изготвен, за што немаме добиено одговор, Кривичниот суд денеска по трет пат се обрати до Биртото за судски вештачење со известување дека ако до 31.01.2022 година предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење не биде вратен во судот, или не биде доставен образложен извештај зошто наодот уште не е изготвен, судот ќе ја искористи Законската можност за парична казна на надлежната институција согласно член 237 ст.3 од ЗКП“, соопшти Кривичниот суд.

    За одолговлекувањето на постапката како и за сите дописи доставени до Бирото, судот вели дека ќе ги извести Министерството за правда и Судски совет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира