И ТИЕ ШТО ГО НАПИШАЛЕ НОН-ПЕЈПЕРОТ СЕ СРАМАТ ОД СВОИТЕ ИДЕИ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

    И ТИЕ ШТО ГО НАПИШАЛЕ НОН-ПЕЈПЕРОТ СЕ СРАМАТ ОД СВОИТЕ ИДЕИ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАНПретседателот Стево Пендаровски денеска ја имаше првата посета на НАТО откако стапи на функцијата и се сретна со генералниот секретар Јенс Столтенберг. (Фото: Претседателски кабинет)

    Претседателот Стево Пендаровски кажа дека фактот што авторите на нон-пејперот за промена на границите на Западен Балкан се анонимни јасно говори дека и самите се срамат од своите идеи, на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел.

    „Не би сакал да ви го трошам времето со потрага по креаторите и куририте на ваквите т.н. нон-пејпери. Од сите контакти што ги имав со високи европски функционери вчера и денеска со генералниот секретар на НАТО, би сакал да нагласам дека никој, ама баш никој, не ги поддржува овие нон-пејпери. Самиот факт што јавно не се познати авторите на овие нон-пејпери зборува дека дури и самите се срамат од своите идеи. Само луѓе кои не се способни да креираат идеи и концепти за да ги унапредат интересите на нивните земји и да ги подобрат животите на нивните граѓани се способни да создадат вакви анонимни нон-пејпери мислејќи дека ако ги поделиш луѓето по етнички линии, просперитетот ќе дојде преку ноќ“, изјави Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање за нон-пејперот со кој се предлага „ставање крај на распадот на Југославија“ со промена на границите на Западен Балкан по етнички линии.

    Пендаровски кажа и дека членството во НАТО ни помага да ја зајакнеме отпорноста на нашиот безбедносен систем, особено кога станува збор за предизвици наметнати од трети страни.

    „Бидејќи сме мета на хибридни закани во последните неколку години и се наоѓаме во кревка област каде што сè уште има отворени прашања, соработката со разузнавачките и безбедносните структури на НАТО е од најголема важност за Северна Македонија“, рече Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира