ИЛИ НИКОЈ ДА НЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА ИЛИ СИТЕ КОИ ЌЕ ПЛАЌААТ ДВОЈНА ДНЕВНИЦА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ИЛИ НИКОЈ ДА НЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА ИЛИ СИТЕ КОИ ЌЕ ПЛАЌААТ ДВОЈНА ДНЕВНИЦА, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски кажа дека според испитувањата што ги правеле на јавното мислење 75 проценти од граѓаните сметаат дека недела треба да е работен ден доколку се плаќа двојна дневница.(Фото: К. Попов)

    Недела треба да биде работен ден за сите кои ќе плаќаат двојна дневница, смета премиерот Христијан Мицкоски. Тој на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, рече дека тоа не треба да биде селективно како што го направила претходната влада туку или да се даде можност на сите кои ќе постигнат договор со работодавачите за двојна или тројна дневница да остварат таков приход или никој да не работи.

    И денеска е недела работен ден, но за одредени економски оператори, дури во законот со квадратура се нацртани и се опишани кои се тие. И сега има одредени економски оператори коишто работат. Ние како влада си го поставуваме следното прашање, а тоа е или никој да не работи, вклучително и тие, или тие коишто сакаат да работат со согласност на работниците коишто сакаат да работат да добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која што ја имаме како влада и тука не гледаме ништо лошо“, рече Мицкоски.

    Мицкоски кажа дека според испитувањата што ги правеле на јавното мислење 75 проценти од граѓаните сметаат дека недела треба да е работен ден доколку се плаќа двојна дневница. Кажа дека за ова прашање конечното решение ќе зависи од следниот состанок на Економско-социјалниот совет.

    Дали ќе дојде до овие законски интервенции и кои ќе бидат, кон кое решение ќе конвергираме ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на Економско-социјалниот совет.

    Генерално се катализираат две решенија. Едното е или никој да не работи, ама никој. Има еден таков главен град на една држава во централна Европа, никој не работи во недела и готово, тоа е тоа, или ако некој плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови да може да работи, да работи“, додаде Мицкоски.

    Со измени на Законот за работни односи кои ги направи Владата на СДСМ од први јануари 2022 години недела е неработен ден. Можат да работам само моловите и големите маркети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира