ИМАМЕ МИСЛЕЊЕ ЗА ПРЕСУДИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ДУИ, АМА ЌЕ ГО КАЖЕМЕ НА ЈАВНА СЕДНИЦА ВО АПЕЛАЦИЈА – ДЕМАНТ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ИМАМЕ МИСЛЕЊЕ ЗА ПРЕСУДИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ДУИ, АМА ЌЕ ГО КАЖЕМЕ НА ЈАВНА СЕДНИЦА ВО АПЕЛАЦИЈА – ДЕМАНТ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВОНа 31 март лани, судијката Марија Клетничка од Основниот кривичен суд ги осуди на по три ипол години затвор Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ за фалсификување исправи на локалните избори во Чаир во 2013 година. (Фото: СДК.МК)

    Вишото јавно обвинителство Скопје ги негира наводите дека испратиле мислење до Апелациониот суд Скопје да се прифати жалбата на обвинетите функционери на ДУИ Ејуп Аљими и Исмет Гури, да се укинат затворските пресуди и да се врати предметот за преправање изборни резултати на повторно судење. Во демантот на Вишото јавно обвинителство Скопје се вели:

    „Вишото јавно обвинителство Скопје во целост ги демантира наводите во текстот ‘Место да застанат на страната на обвинението, вишите обвинители Бектеши и Хајрулахи бараат од скопска Апелација да им ги укине затворските пресуди на двајца функционери од ДУИ’, објавен денеска на порталот СДК.МК. Имено, конкретниот предмет со списите е пратен во Апелациониот суд Скопје со известување дека јавниот обвинител мислењето ќе го даде на јавната седница на која ќе се расправа за овој предмет. Бидејќи содржи невистинити наводи, Ве молиме да го повлечете текстот и да го објавите демантот“.

    Ова е единствен случај во 18-годишното владеење на ДУИ со првостепена пресуда за нивни функционери за некое кривично дело. Други судски постапки не се водат, нема ниту нови истраги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира