ИНФОРМАЦИЈА ЗА АПСЕЊЕТО НА 15-ТЕМИНА НАСИЛНИЦИ ЌЕ ИМА КОГА ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ

    ИНФОРМАЦИЈА ЗА АПСЕЊЕТО НА 15-ТЕМИНА НАСИЛНИЦИ ЌЕ ИМА КОГА ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИПратеникот Љупчо Димовски постираше видео на кое пратеничката Елизабета Канчевска Милевска срдечно се поздравува со напаѓачите во Собранието од кои некои носат фантомки (принтскрин од видеото)

    Информација за тоа дали се постапува по наредбата на Основното јавно обвинителство Скопје за апсење на 15 насилници кои до крв претепаа пратеници од парламентарното мнозинство, повредија полицајци и новинари и кои го искршија Собранието, сè уште нема. Не се знае дали воопшто некој од тие лица е приведен во полициска станица, колкумина се уапсени и дали можеби се веќе изнесени пред судија на претходна постапка, како што доцна синоќа најави обвинителството.

    „Информација за апсење на лица за кои постои сомневање дека биле поврзани со настаните во Собранието во четвртокот доцна навечер, ќе има кога ќе се создадат услови за тоа“, одговори обвинителството за САКАМДАКАЖАМ.МК  .

    ОЈО Скопје синоќа даде наредба да се приведат 15-мина учесници во нападот на Собранието и Министерството за внатрешни работи постапува по тоа барање, потврдија извори од полицијата и обвинителството.

    Од обвинителството на Марко Зврлевски велат дека штом ќе бидат најдени, осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и утре изнесени пред пред судија на претходна постапка и, најверојатно, ќе се бара притвор.

    Претходно МВР побара од Скопското обвинителство одредување притвор или одземање на патните исправи на четири лица, за кои од МВР велат дека се обезбедени докази дека биле организатори и водачи нападот во Собранието во четвртокот, потврдија извори од полицијата.

    Станува збор за водачите на „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски, за кои МВР бара од ОЈО под итно да бидат повикани на сослушување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира