ИНСПЕКТОРАТОТ МУ ЗАБРАНИ НА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКАТА БОЛНИЦА ДА ПРЕГЛЕДУВА ДОМА, СЛУЧАЈОТ ПРИЈАВЕН ВО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ИНСПЕКТОРАТОТ МУ ЗАБРАНИ НА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКАТА БОЛНИЦА ДА ПРЕГЛЕДУВА ДОМА, СЛУЧАЈОТ ПРИЈАВЕН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОДо ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. - Директорот Мухамед Асани (Фото: СДК.МК)

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) му издаде решение за забрана за вршење на дејноста на директорот на Струшката болница Мухамед Асани во неговиот дом, а случајот е пријавен во Основното јавно обвинителство, кажа вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Како што кажа Николовски, ДЗСИ вчера направил инспекциски надзор во домот на гинекологот Асани и е утврдено дека работел на диво, односно по 15 часот дома си правел прегледи без да има регистрирано гинеколошка ординација.

    „Веќе е поднесена иницијатива до ОЈО, тоа мислам Инспекторатот го направи вчера. Јас бев во целосна комуникација и координација со директорката на ДЗСИ, тимовите ги разгледаа сите прозивки, односно сите материјали, документи, информации коишто беа доставени до мене и до ДЗСИ, веднаш се реагираше на терен, направен е инспекцискиот надзор. Констатирано е дека таму постои ординација која што на некој начин е на диво и веднаш е дадено решение за забрана за вршење на дејноста во тие простории на докторот Асани. Стигнати се, како што кажавме, повеќе нотарски изјави каде што се констатира дека по 15 часот се вршени прегледи во тие простории каде што вчера веќе ДЗСИ даде решение за забрана и веќе е покрената постапка согласно закони до ОЈО, веќе се проследени сите документи и информации“, рече Николовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за воведувањето на Национален регистар на вистински сопственици.

    До ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот, а една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред осум години.

    Николовски не кажа дали Асани ќе биде разрешен од директорката функција, само дека е повикан на разговор во Владата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира