ИНСУЛИНСКА КРИЗА ВО ШТИП

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Штип,(МЕТА)

    ИНСУЛИНСКА КРИЗА ВО ШТИП

    Во Штип има недостиг на инсулин, објави агенцијата Мета.

    Вчера десетина дијабетичари, како секој петок се појавија пред вратите на инсулинската амбуланта но останаа без инсулинска  терапија. Во амбулантата не добиле објаснување зошто нема и како понатаму да го продолжат третманот со неопходната инсулинска терапија.

    „Тука има луѓе од село, кои плачејќи си заминаа. На оваа жештина поминуваат километри за инсулин. Ајде, јас живеам на десет минути од амбулантата и можам секој ден да доаѓам, ама овие луѓе не можат“, изјави еден од пацинетите за Мета.

    Инсулинската криза со мали прекини, трае речиси два месеци. Во Штип има 1.350 пацинти кои зависат од инсулин. Тие реагираат дека пред извесно време им била сменета инсулинската терапија. Сега им преостанува само таблетарната терапија, која за некои пациенти е опасна игра со здравјето.

    Штипјанката Енисе Демирова три години по ред двапати неделно користи инсулин. Поради недостигот, принудена е да употребува таблети. „Кој ќе одговора ако ми се влоши здравјето? Сите тврдат дека инсулин има, а всушност нема“, вели Демирова.

    Здравствените власти најавуваат нова инсулинска пратка в понеделник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари