ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е МАЛ ЧЕКОР ЗА ЕУ, ТИЕ СЕ САМО 5 ОТСТО ОД ЕВРОПСКАТА ПОПУЛАЦИЈА, ВЕЛИ ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е МАЛ ЧЕКОР ЗА ЕУ, ТИЕ СЕ САМО 5 ОТСТО ОД ЕВРОПСКАТА ПОПУЛАЦИЈА, ВЕЛИ ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТАлтернативата на ЕУ е можност за поголема нестабилност во регионот и можност индивидуални влади да се изолираат оставени сами на себе, вели Ескобар. (Фото: СДК.МК)

    САД гледаат на земјите од Западен Балкан како вистинска можност за партнерство и сакаат и Европската унија да гледа исто, посебно што тоа би било мал чекор за ЕУ, бидејќи регионот претставува само 5 отсто од европската популација, кажа Габриел Ескобар, заменик помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања, на Самитот на Западен Балкан, во организација на „Економист“.

    Ескобар рече дека САД се свесни дека не сите земји од ЕУ сакаат брзо проширување, но дека САД работи заедно со ЕУ на решавање на проблемите, додавајќи дека искуството на САД со земјите од регионот кои се во НАТО е позитивно и дека ЕУ може да го очекува истото.

    „Ако го погледнете регионот, земјите се историски и кулутурно европски. Луѓето кога ќе заминат од регионот одат во Европа, економиите им се врзани со Европа. Од наша перспектива, природен чекор е тие да бидат дел од Европа. Свесни сме дека не сите земји од ЕУ би сакале рапидно проширување со овие земји. Свесни сме дека земјите од регионот имаа домашна работа, посебно во владеењето на правото, заштита на малцинствата и други прашања, но на тие прашања работиме заедно со Европа. Имаме робусни програми и се координираме блиску со европските партнери со цел затворање на поглавјата за напредување на пристапниот процес. Знаеме дека има двоумења кај ЕУ дека без некои од реформите кои се потребни, но не се направени, овие земји можат да бидат ризик за европското единство. Нашето искуство со земјите од регионот кои се нови членки на НАТО, посебно Црна Гора, Северна Македонија и Албанија е дека се добри сојузници и дека имаат солиден придонес во нашите напори ширум светот и во регионот и ЕУ може да го очекува истото од овие земји. Не гледаме на Балканот како предизвик, иако има неразрешени политички прашања, туку гледаме вистински можности за партнерство. Гледаме на балканот како можност за соработка и партнерство и сакаме нашите европски партнери да гледаат исто. Тоа е само мал чекор за Европа, тие претставуваат само 5 отсто од европската популација и не е голем чекор“, рече Ескобар преку видеолинк на самитот што се одржува денеска во Скопје

    Тој вели дека алтернативата е можност за поголема нестабилност во регионот и можност индивидуални влади да се изолираат оставени сами на себе да ги решаваат тензиите со соседите и етничките групи кои се на другата страна од границата, а вербата дека ќе бидат во ЕУ ќе направи многу да ги реши ваквите проблеми кои се провлекуваат изминативе 25 години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира