ИРЛ, РАДИО МОФ И ВИДИ ВАКА НАГРАДЕНИ ВО ИЗБОРОТ НА ЗНМ ЗА НАЈДОБРИ СТОРИИ ПОВРЗАНИ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

    ИРЛ, РАДИО МОФ И ВИДИ ВАКА НАГРАДЕНИ ВО ИЗБОРОТ НА ЗНМ ЗА НАЈДОБРИ СТОРИИ ПОВРЗАНИ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТДобитниците на наградите во изборот на ЗНМ. (Фото: ЗНМ)

    Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби првата награда на тема „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“, во избор на Здружението на новинари на Македонија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

    ИРЛ го доби признанието за „Заговор против воздухот“, прва епизода од серијалот „Редакција“.

    Втората награда ја доби Бојан Шашески од Радио МОФ за приказната „Децата ни се жртви на арсенот – рударскиот локалитет ‘Лојане’ фатален за жителите од липковските села“, додека третата награда отиде кај Христина Ѓорѓиевска од „Види вака“ за серијалот „Заробените бели дробови на градот“.

    Донатор на наградата е Кралството Шведска во рамки на проект на УНДП за заштита на животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира