Ако инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и на другите инспекторати на централно и локално ниво утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект, се предвидува во измените на Законот за заштита на население од заразни болести што денеска ги усвои Владата, а со кои се предвидени нови поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид-протоколите,
Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи, а висината на казните ќе биде во зависност од големината фирмите.
Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието, соопшти Владата по денешната седница.
Според сегашните законските прописи, пазарните инспектори немаат надлежност да го затворат угостителскиот локал ако не се почитуваат ковид-протоколите туку само да му поднесат кривична пријава и да добие парична казна. Инспекторите може да затворат локал само ако работи повеќе од дозволеното работно време.
Поради тоа што Пазарната инзекција нема ингеренции да затвора, викендов не беше затворено скопското кафуле „Мош“ каде на првиот концерт на Георгиев не се почитуваа протоколите, немаше дистанца, ниту некој носеше маска, а имаше голем број гости.
„Поради неколку локали, како на пример ‘Мош’ и ‘Аватар’ во Струмица, сите други угостители ќе сносат последици. Нема разбирање, многу лош впечаток оставаме како држава. Побаравме од Владата да достави предлог до Собранието да ни се зголемат ингеренциите за да може веднаш да затвораме. Нека размисат во Владата како понатаму, оти ние џабе контролираме и пишуваме записници кога локалите не можеме да ги затвориме. Газдите поминуваат само со парична казна од 4.000 евра, а за гостите кои не почитуваат протоколи нема никаква казна. Мора да се донесе итно законска измена за да можеме да постапуваме со затворање на локалите“, рече тогаш директорот на Државнот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
- ПОРАДИ НЕКОЛКУ ЛОКАЛИ ЌЕ СТРАДА ЦЕЛО УГОСТИТЕЛСТВО АКО ВЛАДАТА НЕ ДОЗВОЛИ ДА ЗАТВАРАМЕ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОВИД-ПРОТОКОЛИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА
- ВЛАДАТА ЗАБРАНИ ДИЏЕИ И ПЕЈАЧИ ВО ЛОКАЛИТЕ, СТОЕЊЕ НА ШАНК И НА МАСИ, ОДОБРИ УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМААТ ОБРОК ВО ШКОЛИТЕ