ВЛАДАТА ЗАБРАНИ ДИЏЕИ И ПЕЈАЧИ ВО ЛОКАЛИТЕ, СТОЕЊЕ НА ШАНК И НА МАСИ, ОДОБРИ УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМААТ ОБРОК ВО ШКОЛИТЕ

    ВЛАДАТА ЗАБРАНИ ДИЏЕИ  И ПЕЈАЧИ ВО ЛОКАЛИТЕ, СТОЕЊЕ НА ШАНК И НА МАСИ, ОДОБРИ УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМААТ ОБРОК ВО ШКОЛИТЕВладата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната; - Министерот за здравство Венко Филипче му мери температура на лидерот на СДСМ Заев при посетатa на болницата во Кавадарци во јули. (Фото: Фејсбук профил на Зоран Заев)

    Владата на вечерашната седница ги прифати предлозите од Комисијата за заразни болести за нови мерки против ширење на ковид-19, кои следат откако изминативе денови драстично се зголеми бројот на новозаболени.

    Владата ги прифати и ги препорача следите рестриктивни мерки :

    • Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).

    • Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели.

    • Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица.

    • Стриктно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси како во рестораните, така и во кафетериите.

    • Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.

    Владата ја одобри и препораката на Комисијата за отворањето на училишните кујни за децата со продолжен престој со стриктно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса утврдени со Закон за безбедност на храна, како и НАССР стандардите и Протоколите за заштита од КОВИД-19, со напомена послужувањето на оброците да се реализира во училишните трпезарии водејќи сметка да не дојде до мешање на ученици од различни паралелки.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира