ИСПУСТОТ НА ДРИМ ЗАТВОРЕН ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ПОНАТАМОШНО ПРАЗНЕЊЕТО НА ЕЗЕРОТО

a:1:{s:9:"td_source";s:57:"Охрид,Струга,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИСПУСТОТ НА ДРИМ ЗАТВОРЕН ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ПОНАТАМОШНО ПРАЗНЕЊЕТО НА ЕЗЕРОТО

    Водостојот во Охридското Езеро изнесува -12 сантиметри од нултата кота или е за пет сантиметри понизок од дозволениот минимум на кота 693.05 метри, утврди тим од хидролози од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Тимот бил на увид по реакциите од охриѓани и од Хидробиолошкиот завод од Охрид за нискиот водостој на езерото.

    Од УХМР објаснуваат дека нискиот водостој се должи на тоа што во декември имало малку врнежи и мал прилив на вода од езерото, а од друга страна и поради тоа што ЕЛЕМ испушта вода од езерото кај Струга.
    Охридскиот кеј 31.02.17

    Охридскиот кеј снимен денеска, 31 јануари 2017 (Фпто: СДК.МК)

     “ЕЛЕМ уште вчера го намали истекот на водата од езерото кај Струга и водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани утрово беше пониско за 55 cантиметри. Со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга, се очекува во наредниот период нивото во езерото да стагнира, па постепено да почне да расте “, вели Васко Стојов, раководител на Одделение за хидрологија на површински води при УХМР.
    Тој објаснува дека пратиле екипа на терен за да ги провери мерењата на водостојот на езерото, бидејќи податоците од мерењата на поставениот дисплеј и од автоматската мониторинг станица биле различни.
    “При мерењата беа забележани разлики во мерењата како на температурата на воздухот и водата, така и на водостојот на езерото. Со сервисерот на дисплејот е договорено да се следи ситуацијата и да се изработи подобрен софтвер. Од проверките е установено дека нивото на водата на езерото изнесува -11 cm,  а на дисплејот беше забележан водостој од -17 cm. Со контрола на водостојот утврдено е дека нивото на езерото било 4 cm под дозволениот минимум. Оваа информација веднаш беше проследена до ЕЛЕМ, по што веднаш го намалија истекот кај Струга“, вели Стојов.
    Тој објаснува дека според податоците од метеоролошката станица во Охрид количината на врнежи во декември во овој регион била пониска  за 71 литар на квадратен метар од просечната вредност. Во јануари пак во Охрид наврнале само 18 литри на квадратен метар, и главно врнежите биле од снег.
    “Просекот за јануари за периодот од 1981-2010 година е 59 литар на квадратен метар, што значи дека врнежите беа помали за 41 литар на квадратен метар под просечната вредност. Ваквата состојба со врнежите директно влијае на нивото на езерото и сосема е нормално водостојот да биде низок“, велат од УХМР.
    Според хидролозите на нивото на езерото влијае и начинот на кој стопанисува со него, односно колку вода се испушта.
    Нивото на Охридското Езеро е под законско дозволена кота Фото:(СДК.МК)

    Нивото на Охридското Езеро е под законско дозволена кота Фото:(СДК.МК)

    “Од  ЕЛЕМ добивме информација дека до скоро се испуштале седум кубни метри во секунда и дека откако ја потврдивме информацијата дека нивото на езерото е под дозволениот минимум, сега испуштаат 3 до 4 кубни метри во секунда, пред се за задоволување на биолошкиот минимум на реката Црн Дрим на потегот од Струга до Езерото Глобочица“, вели Стојов.

    Нултата кота или нулата на летвата со која се мери водостојот во Охридското Езеро е е на кота 693,17m.

    Република Македонија за да го заштити растителниот и животинскиот свет во езерото, бидејќи неговата вода се користи за производство на електрична енергија, пропишани се правила со кои се регулира испуштање на водата. Според овие правила, кои ЕЛЕМ е обврзан да ги почитува, максимално дозволената кота на езерото е 693,75 метри, дозволениот минимум е на кота од 693,10 метри или -7сантиметри. Ако нивото на водата е повисоко од максимално дозволениот максимум ЕЛЕМ мора да ги отвори преградите кај Струга и да ја испушти водата, а ако нивото е пониско од максимално дозволениот минимум да го намали или запре испуштањето на вода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира