ИСТРАГА ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ СУДИИ НЕ Е ПРИТИСОК ВРЗ СУДСТВОТО, ИЗЈАВИ РИСТОВСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИСТРАГА ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ СУДИИ НЕ Е ПРИТИСОК ВРЗ СУДСТВОТО, ИЗЈАВИ РИСТОВСКА

    Специјалното јавно обвинителство има поведено истрага против неколку судии и тоа не е вршење притисок и никој не е изземен од истрага, рече денеска обвинителката Ленче Ристовска во својство на портпарол на Специјалното јавно обвинителство како одговор на обвинувањата на претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски дека има притисоци врз судот по неговата изјава дека петмина судии биле викнати на распит во СЈО.

    „За Специјалното јавно обвинителство повикувањето судии на разговор не е начин за вршење притисок врз судиите“, рече денес Ристовска одговарајќи на обвинувањето дека го доведуваат во прашање угледот на судиите.

    „Против одредени судии отворена е истрага, не против сите судии во Управниот суд, и тие се повикани да дадат изјава во своја одбрана. Не се согласувам дека со нашето работење вршиме притисок, оти за нас сите се невини додека не се докаже спротивното. И други судии беа под истрага, а Судскиот совет немаше забелешки“, рече обвинителката Ристовска.

    Таа додаде дека секоја индивидуа што работи во државна институција, па и во судството, не е изземена од истрага каде што има основани сомневања против неа за сторени кривични дела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира