ИТАЛИЈА ЗАБРАНИ ТУРИСТИЧКИ ПАТУВАЊА ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ВЛОШУВАЊЕ НА КОВИД СОСТОЈБАТА КАЈ НАС

    ИТАЛИЈА ЗАБРАНИ ТУРИСТИЧКИ ПАТУВАЊА ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ВЛОШУВАЊЕ НА КОВИД СОСТОЈБАТА КАЈ НАСДури и тие што ќе можат да влезат во Италија ќе мора да одат во 10-дневна изолација - (Фото: СДК.МК)

    Италија забрани влез на лица кои претходните 14 дена престојувале или транзитирале низ Македонија. Оваа забрана не важи за оние што одат службено во работна посета, за итни случаи, за здравствени потреби, за студирање и за оние што си се враќаат дома, но и тие ќе мора да одат во изолација, соопшти Италијанската амбасада во Скопје.

    Новите правила за влез во Италија важат од 26 октомври до 15 декември.

    Според најновите рестриктивни правила на италијанската Влада,  тие што ќе им биде дозволен влез во Италија од Македонија, ќе мораат да прикажат негативен ПЦР или антигенски тест за коронавирус, да имаат пополнето формулар за локација  да останат 10 дена во изолација на адресата наведена во формуларот. Дополнително, на крајот од изолацијата ќе мораат пак да направат ПЦР или антигенски тест.

    Италијанската Влада го обнови списокот на ризични земји во кои состојбата со ковид-19 се влошува. Министерството за здравство на Италија овој список го дополнува во согласност со бројот на новозаразени на 100.000 жители и со процентот на позитивни на коронавирусот од тестираните со ПЦР текст.

    На списокот за кој важат новите рестриктивни мерки Италија ги додаде и Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира