ИВАНОВ НЕ ПОТПИШАЛ 11 ЗАКОНИ НА КОИ ПИШУВА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, НЕ ГИ ПОТПИШУВА НИ РЕФОРМСКИТЕ ЗАКОНИ ЗА СУДСТВОТО

    ИВАНОВ НЕ ПОТПИШАЛ 11 ЗАКОНИ НА КОИ ПИШУВА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, НЕ ГИ ПОТПИШУВА НИ РЕФОРМСКИТЕ ЗАКОНИ ЗА СУДСТВОТОДенеска истекува и рокот во кој претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов треба да ги потпише Указите за прогласување и на три закони кои се донесени со двотретинско мнозинство и се реформски и многу важни за натамошните процеси за добивање позитивна препорака за преговори со ЕУ. - Иванов на новогодишното обраќање во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпишал Указите за прогласување на шест закони донесени на 28.02.2019 година, и тоа:

    • Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција,
    • Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт,
    • Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија,
    • Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица,
    • Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации
    • Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

    Иванов, како што соопшти кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, дополнително не ги потпишал и Указите за прогласување на пет закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година.

    Се работи за следниве закони:

    • Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот за додаде вредност,
    • Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост,
    •  Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан,
    • Закон за изменување и дополнување на Закон за изменување и дополнување на Закон за изменување и дополнување на Закон за субвенционирање на станбен кредит,
    • Закон за изменување и дополнување на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.

    Иванов, според образложението, Указите не ги потпишал, бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот, и како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија. Сите овие закони се донесени во Собранието, откако на 11 јануари беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија. Вратените закони сега треба да одат на трето читање во Собрание и одново да бидат изгласани.

    Денеска истекува и рокот во кој претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов треба да ги потпише Указите за прогласување и на три закони кои се донесени со двотретинско мнозинство и се реформски и многу важни за натамошните процеси за добивање позитивна препорака за преговори со ЕУ. Тоа се:

    • Закон за изменување и дополнување на Закон за судовите
    • Закон за прекршоците и
    • Закон за управните спорови.

    За овие закони според Уставот, член 75 став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови, се вели во соопштението на Џафери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари