ИВАНОВ НЕМА ЗАКОНСКО ПРАВО ДА ГИ ПОМИЛУВА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, КАЖА ЗАЕВ

    ИВАНОВ НЕМА ЗАКОНСКО ПРАВО ДА ГИ ПОМИЛУВА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, КАЖА ЗАЕВ„Парламентот може во иднина да даде такви права на претседателот, но во моментов такво право не постои“, вели премиерот Зоран Заев. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев вели дека законски не е можно претседателот да ги помилува осудените за нападот на Собранието на 27 април 2017, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно Ѓорге Иванов да ги помилува на заминување.

    „Не очекувам аболиција од претседателот Иванов оти не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе. Парламентот може во иднина да даде такви права на претседателот, но во моментов такво право не постои“, кажа Заев на настан во Агенцијата за млади и спорт.

    За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието на 27 април 2017 се осудени 17-мина, меѓу нив поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, кој доби 18 години затвор.

    Мандатот на Иванов му истекува на 12 мај, а претседателските избори ќе се одржат на 21 април и 5 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира