Претседателот Ѓорге Иванов не присуствуваше на денешното примопредавање на донацијата од 33 теренски возила за МВР од ЕУ, иако бил поканет од еврокомесарот Јоханес Хан, кој говореше на церемонијата во кругот на МВР, јави агенцијата „Мета“.
Хан имаше средба со Иванов утрово пред да дојде во МВР.
„Јас го поканив Иванов да дојде со мене на настанот што ја демонстрира силната соработка и силните врски меѓу ЕУ и вашата земја“, рече Хан.
Претседателот Иванов, сепак, не беше меѓу присутните гости на денешната свеченост во кругот на МВР.
Хан кажа и дека претседателот го замолил „Европската Унија да направи повеќе за неговата земја и да има повеќе настани како што е денешниот, посветен на донацијата на возилата од ЕУ“.