ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПЛИВАЊЕ ВО РЕКИ, НЕ ТРГНУВАЈТЕ НА ПАТ БЕЗ „ЗДРАВСТВЕНА ЧАНТА“, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ЗА ЛЕТНИТЕ ПАТУВАЊА

    ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПЛИВАЊЕ ВО РЕКИ, НЕ ТРГНУВАЈТЕ НА ПАТ БЕЗ „ЗДРАВСТВЕНА ЧАНТА“, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ЗА ЛЕТНИТЕ ПАТУВАЊАПоради горештините граѓани се изладуваат деновиве на реката Треска во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Најмалку еден месец пред да се замине на патување, треба да се проверат препораките за профилактична терапија (на пример, лекови за маларија) и/или вакцинација (на пример, против жолта треска) во подрачјето во кое планираат да да патуваат, препорачува Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ). ИЈЗ препорачува пред секое патување да се добијат информирации за општата здравствената состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето во кое се планира да се патува. Ако има потреба од дополнителни сознанија, да се направат консултции со избраниот лекар или надлежниот Центар за јавно здравје.

    Топлото време често значи поголем ризик од болести поврзани со топлина, повеќе активности на отворено и повеќе убоди од инсекти. Од ИЈЗ додаваат дека граѓаните треба да бидат сигурни дека ги примиле рутинските вакцини, а ова особено важи за децата.

    Институтот препорачува дека секој патник треба да ја подготви својата  „здравствена чанта“, во која треба да има сет за прва помош, лекови за хронична терапија (ако се зема), антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми. Покрај овие, задолжително да се понесат средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка.

    ИЈЗ советува да се почитуваат овие 4 правила за побезбедни летни патувања: 

    1. Користете средства кој одбиваат комарци
    Нанесете средства кој одбиваат комарци (репеленти) за тропски области, на пр. на база на DEET 30 – 50% или icardine, на непокриените делови на кожата од телото избегнувајќи ги слузниците (очи, нос, уста), дење и ноќе, внатре и на отворено. Користете ги строго според упатствата на производот.

    Запомнете:
    -Репелентот треба да го нанесувате доволно често во зависност од потењето и изложеноста на вода (по капење, пливање),
    -Нанесете го по користење на препарати со заштитен УВ-фактор (кога се користат истовремено),
    -Бремени жени, доилки и деца постари од 2 месеци не треба да користат репеленти на база на DEET или icardine
    -Имајте доволна залиха на репеленти поради можен недостиг.

    2. Носете соодветна облека и обувки за време на патувањето
    Облеката треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици, а секогаш кога е можно, носете чорапи и чевли за да биде покриен што поголем дел од површината на телото. Имајте на ум дека комарците касаат дење и ноќе, на отворено и на затворено. Комарците кои ги пренесуваат инфекциите со Зика, денга и чикунгуња се најактивни во текот на денот и во самрак, а комарците кои пренесуваат маларија се најактивни во приквечерие и навечер.

    3. Користете заштитни мрежи или одморете се во климатизирани простории
    За време на патувањето спијте и одморете се во климатизирани простории или простории со заштитни мрежи на прозорците и вратите. Доколку спиете на отворено или во простории заштитени од комарци, задолжително спијте под заштитна мрежа за спиење, натопена со инсектициди.

    4. Ако се разболите, побарајте медицинска помош
    Ако за време на патувањето развиете треска (38°С и повеќе) или други симптоми, побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски болести можат да бидат сериозни и треба веднаш да се лекуваат. Бидете безбедни за време на активности на вода. Ако вашите летни патувања вклучуваат активности на вода, бидете внимателни кога пливате, пловите или нуркате, особено во земјите каде што службите за итни случаи можеби не се брзо достапни или нема спасувачи. Избегнувајте пливање во реки. Инфекциите како што се шистозомијаза и лептоспироза се пренесуваат со контакт со слатка вода.

    Водното тело за капење треба да биде осигурано и безбедно за пливање за сите категории на граѓани, со соодветна означеност на безбедната длабочина. (Фото: К. Попов)

    Бидете внимателни дали водното тело ги има следните карактеристики:
    1. Присутност на бариери кои го контролираат пристапот до вода;
    2. Безбеден простор за деца од претшколска возраст далеку;
    3. Дали има спасител на плажата и дали има систем за информирање на квалитетот на водата за капење;
    4. Водното тело за капење треба да биде осигурано и безбедно за пливање за сите категории на граѓани, со соодветна означеност на безбедната длабочина. Поставување и спроведување на безбедни прописи за пловење, превоз на патници вклучително и носење на лична опрема за безбедност (елек за спасување);

    По враќањето од летни патувања, експертрите велат дека ако туристот се разболи во рок од три недели, задолжително да се јави кај својот лекар и да го извести каде и кога патувал и кога се разболел.

    Кај лица кои развиваат симптоми на Зика болест, маларија и други, неопходно е да се спроведат мерки за заштита од каснување од комарци (заштитни мрежи за кревети, прозорци и врати).

    Доброволното дарување крв се одложува за одредено време по враќањето.

    Преземете ги следните чекори за да се заштитите:
    Претпочитајте да пиете безбедна вода за пиење. Водата за пиење треба да биде без мраз, заради превенција од заразни заболувања и настинки.
    Носете капа со широк обод и очила за сонце со заштитен УВ фактор.
    Носете широка, лесна и памучна облека со светла/бела боја.
    Планирајте активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 11 и после 17 часот.
    Одмарајте често и обидете се да останете во сенка кога сте на отворено.
    Ако правите напорни активности на топло, како што се планинарење или возење велосипед, обидете се да се прилагодите на надворешната температура пред таа активност со вежбање 1 час дневно на топло.
    Ако сте во затворен простор со вклучено ладење од клима уредот, пред да излезете надвор во топла средина исклучете ја климата барем половина час пред тоа, за да полесно се адаптирате на темепературната разлика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира