ИЗБОРИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ, ВЕЛАТ НАБЉУДУВАЧИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР

    ИЗБОРИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ, ВЕЛАТ НАБЉУДУВАЧИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХРНабљудувачката Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се надева дека и вториот круг ќе биде демократски и без притисоци.(Фото:СДК:МК)

    Локалните избори беа генерално во согласност со меѓународните стандарди, а темелните слободи беа севкупно почитувани и кандидатите можеа да ја водат кампањата без ограничувања, е првичниот заклучок на меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

    „Локалните избори беа генерално во согласност со меѓународните стандарди, а се надеваме дека ова ќе придонесе за натамошен развој на локално ниво за да се подобрат животните услови за сите граѓани“, рече Карим Ван Овермеире, шеф на делегацијата од Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа, на денешната прес-конференција.

    Амбасадорката Одри Гловер, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР рече дека  иако процесот уште трае, на локалните избори се покажал напредок во демократскиот процес и доверба на гласачот во изборниот процес.

    „Се надевам дека ова ќе продолжи и во вториот круг“, рече шефот на набљудувачката Мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Гловер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира