ИЗБОРОТ Е ДА СИ ЗАМИНЕМЕ ИЛИ ДА ГИ ПОБЕДИМЕ, ПОРАЧАА АКТИВИСТИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО НА МАРШОТ ЗА 11 ОКТОМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБОРОТ Е ДА СИ ЗАМИНЕМЕ ИЛИ ДА ГИ ПОБЕДИМЕ, ПОРАЧАА АКТИВИСТИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО НА МАРШОТ ЗА 11 ОКТОМВРИ

    Масовниот граѓански марш за 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание, заврши пред собранието со порака дека секој глас е важен и дека живот во Македонија може да има.

    „За жал, денеска морам да стојам тука и да зборувам за слобода. Не заради борците, туку заради оние што ја погазија слободата и предизвикаа егзодус. Илјадници млади луѓе заминаа со билет во еден правец, затоа што оваа власт го игнорира нашиот глас. Го урниса образовниот систем и на прво место ја стави партијата. Затоа што оваа власт употреби полиција против најдобрите студенти. Велам стоп за враќањето на моите другари и другарки. Стоп за солзите на нашите родители. Немаме веќе луксуз да пиеме кафе, зашто наскоро ќе немаме со кого. Изборот е да си заминеме ли да ги победиме”, кажа активистката Ивана Туфекџиќ

    Организиран од опозицијата и познати граѓански активисти и под мотото „Борбата продолжува, гласот победува”, маршот тргна од просториите на Специјалното јавно обвинителство. Поддршка даде и Сојузот на борци.imag0186-2

    „Секоја генерација има обврска да го брани народот. Сојузот на борци ви се заблагодарува за одбележувањето на Денот на востанието, вакво не сме виделе досега. Нашата борба е вечна и нескршлива. Нашите партизански одреди ги носеа имињата на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански. Македонци, Албанци, Турци, Евреи, Срби, Власи… Сите се приклучуваа на борбата, исто како што сме сега собрани ние. Државата сега ја заборави антифашистичката борба, а слави ликови со сомнителен придонес за слободата на Македонија. Нашата борба е и за гласот на населените. Нас борците нѐ радува што вие тука ја продолжувате нашата борба за слобода. Ние сме секогаш со вас и вашиот глас ќе победи, порача Ѓорѓи Ѓорѓиевски од Сојузот на борците.

    Беше прочитан и манифест на денешниот марш.

    „Без разлика на вера, народност, пол и убедување, денеска дигнавме глава и решивме да се одбраниме од нашите душмани. Се работи за судбината на нашата земја. Ве повикуваме да се сплотите со гласот како оружје, да удриме со нашиот глас по нашите непријатели и непријателите на слободата. Деновиве што доаѓаат ќе ја решат судбината на граѓанинот. Треба да ги испадиме сите предавници, корумпирани политичари за да одиме напред во слобода. Смрт на фашизмот, борбата продолжува, гласот победува”, гласеше дел од манифест на маршот, прочитан од Ирена Ристиќ.imag0190-2

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев од говорницата уште еднаш повика на широк опозициски фронт

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира