ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ГАЛИЧИЦА ОТКАКО ЗАВРНА ДОЖД, ЗА СЕЛОТО ГАРИ НЕМА ОПАСНОСТ, ОГНОТ СЕ ДВИЖИ ВО ДРУГ ПРАВЕЦ

    ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ГАЛИЧИЦА ОТКАКО ЗАВРНА ДОЖД, ЗА СЕЛОТО ГАРИ НЕМА ОПАСНОСТ, ОГНОТ СЕ ДВИЖИ ВО ДРУГ ПРАВЕЦВо текот на август, заклучно со денешниот ден, на територијата на државата имало 667 пожари; - Од пожарот на Галичица. (Фото: А. Кирков)

    Изгаснат е пожарот на Галичица откако во овој дел заврна дожд. Пожарот на Галичица гореше 13 дена и на преспанската и на охридската страна од планината, а во гаснењето деновиве беа вклучени 120 лица и повеќе воздухоплови.  Како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), на Галичица веќе нема оган, а под контрола е ставен и пожарот кај Јасен, кој гори 25 дена.

    „Пожарот на територијата на Општина Долнени, кој се движи кон селото Зрзе, е тежок за гаснење и со голем обем, горат нискостеблесто растение и трева. Таму денеска е голем празник во манастирот и апелирам до сите верници да бидат внимателни. За селото Гари нема опасност бидејќи кракот кој се движеше натаму е изгаснат и сега гори во друг правец, но имаме најави дека и таму попладнево ќе заврне“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

    Нов пожар денеска изби на Плачковица, некаде на меѓата меѓу Штип и Општина Карбинци и таму е испратен еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожар има и во Општина Илинден, кај Миладиновци, во близина на „Окта“. Таму делува скопската Бригата за противпожарна заштита со помош на пошарникари од „Окта“.

    Како што кажа Ангелов, повторно е активиран пожарот кај Пробиштип во близина на фотоволтаиците и се движи кон Злетово.

    Во текот на август, заклучно со денешниот ден, на територијата на државата имало 667 пожари на отворен простор, од кои 98 шумски пожари и повеќето од нив тешки за гаснење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира