ИЗИИС ЌЕ БАРА СО ЗАКОН ДА СЕ ЗАБРАНАТ НАДГРАДБИ НА ЗГРАДИ, ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ ОД ЗЕМЈОТРЕСИ

    ИЗИИС ЌЕ БАРА СО ЗАКОН ДА СЕ ЗАБРАНАТ НАДГРАДБИ НА ЗГРАДИ, ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ ОД ЗЕМЈОТРЕСИ

    Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) ќе побара законски да се забранат надградби на зградите. Директорот на ИЗИИС, Михаил Гаревски вели дека ќе побараат ваква забрана за да се запази безбедноста на веќе изградените објекти.

    „Имаме згради, главно изградени пред земјотресот, на кои секоја надградба би значела загрозување на стабилноста и намалување на безбедноста на луѓето кои живеат во нив. Посебно во Скопје има цели населби со стари згради на кои веднаш треба да им се забранат надградби и доградби“, вели директорот Гаревски.

    Ова барање со закон да се забранат доградби на ИЗИИС, нема да биде прво. Гаревски вели дека еднаш веќе побарале ваква измена на законот, но Владата не сменила ништо. Затоа, барањето повторно ќе го достават до Владата и до Министерството за транспорт и врски.

    Серијата земјотреси кои почнаа во септември го актуелизира проблемот со доградби и надградби. Од ИЗИИС укажаа дека земјотреси со јачина како овие, најсилниот беше 5,3 степени според Рихтеровата скала, не може да предизвикаат оштетувања на кострукциите на објектите ако при нивното градење биле запазени стандардите (Фото: Г. Личовски за СДК.МК)

    Серијата земјотреси кои почнаа во септември го актуелизира проблемот со доградби и надградби. Од ИЗИИС укажаа дека земјотреси со јачина како овие, најсилниот беше 5,3 степени според Рихтеровата скала, не може да предизвикаат оштетувања на конструкциите на објектите ако при нивното градење биле запазени стандардите (Фото: Г. Личовски за СДК.МК)

    Тој смета дека е од исклучителна важност да се запрат доградбите за да се спречат инвеститорите кои во трка за поголем профит, почесто се одлучуваат за доградби на веќе изградени згради, отколку за изградба на нови згради од темел.

    „Да се прави доградба и надградба на веќе изградена зграда по сите прописи за статика и стабилност на објектот е многу поскапо отколку да се изгради сосема нова зграда. Најчесто инвеститорите за да ја зголемат заработката не ги почитуваат стандардите во градењето и со доградбата ја нарушуваат стабилноста и на стариот дел од објектот и на доградбата. Мој личен став е кога една зграда ќе се изгради, повеќе да не се доградува. Сите оние додадени балкони, соби тежат на градбата и ѝ ја нарушуваат стабилноста“, вели Гаревски.

    Најчесто инвеститорите, за да ја зголемат заработката, не ги почитуваат стандардите во градењето и со доградбата ја нарушуваат стабилноста и на стариот дел од објектот и на доградбата (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Најчесто инвеститорите, за да ја зголемат заработката, не ги почитуваат стандардите во градењето и со доградбата ја нарушуваат стабилноста и на стариот дел од објектот и на доградбата (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Серијата земјотреси кои почнаа во септември го актуелизира проблемот со доградби и надградби. Од ИЗИИС укажаа дека земјотреси со јачина како овие, најсилниот беше 5,3 степени според Рихтеровата скала, не може да предизвикаат оштетувања на конструкциите на објектите ако при нивното градење биле запазени стандардите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари