ИЗЛЕЗНОСТА ДО 11 ЧАСОТ Е 11 ОТСТО, НАЈГОЛЕМА ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, НАЈМАЛА ВО ШЕСТКАТА

    ИЗЛЕЗНОСТА ДО 11 ЧАСОТ Е 11 ОТСТО, НАЈГОЛЕМА ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, НАЈМАЛА ВО ШЕСТКАТАВрз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од вклупно 3.480, до 11 часот гласале 199.495 граѓани. (Фото: К. Попов)

    Одѕивот на гласачите до 11 часот на парламентарните избори е 11 отсто. Врз основа на податоците од Државната изборна комисија (ДИК) за 3.134 избирачки места од вклупно 3.480, до 11 часот гласале 199.495 граѓани.

    Најголема излезност на граѓаните има во првата изборна единица каде гласале 13,7 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список. Најмала е излезноста во шестката каде излегле 6.04 отсто од гласачите.

    Во втората изборна единица излезноста е 9,64 отсто, во третата 13,08, во изборната единица четири 13,46 отсто, а во петата изборна единица одѕивот до 11 часот е 10,55 отсто.

    Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден 1.814.613 илјади гласачи. Гласањето денеска ќе трае до 21 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира