ИЗБЕГАНИОТ ГОРАН ГРУЈEВСКИ ОБВИНЕТ ЗА НЕЗАКОНСКОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ СЕ КРИЕ ПОД ИМЕТО ВЛАДИМИР ВАРЕЛОВ, ОБЈАВИ ТВ 21

    ИЗБЕГАНИОТ ГОРАН ГРУЈEВСКИ ОБВИНЕТ ЗА НЕЗАКОНСКОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ СЕ КРИЕ ПОД ИМЕТО ВЛАДИМИР ВАРЕЛОВ, ОБЈАВИ ТВ 21Потерницата од МВР за Никола Бошковски ии Горан Грујевски кои се бараат за случајот со нелегалното прислушување на илјадници граѓани и уништување на опремата за прислушување

    Еден од двајцата избегани осомничени за масовното прислушување во Македонија и уништување опремата за прислушување, Горан Грујeвски имал и втор идентитет по име Владимир Варелов, објави синоќа скопската телевизија ТВ 21 повикувајќи се полициски извори.

    Полициските извори за телевизијата откриле дека за Грујeвски кој е избеган веќе цел месец заедно со врабоениот во МВР Никола Бошковски известен е и Интерпол да го бара и под ова име.

    Тие двајца заедно со Тони Јакимовски, поранешен шеф на Кабинетот на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков,  се  обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.

    Грујeвски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

    на третиот обвинет кој доби притвор од Скопска апелација, Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, му ја преиначил одлуката за притвор. Со одлука на Врховниот суд, покрај македонскиот пасош, одземен му е како мерка за обезбедување и дипломатскиот пасош.

    На Грујeвски и Бошковски им беше овозможено да избегаат поради одолговлекување на процедурата помеѓу Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд. СЈО за Грујевски и Бошковски бараше притвор, Апелацискиот суд определи, а неколку дена подоцна тоа го потврди и Врховниот суд. Но во услови на одолговлекување на процедурата, Грујевски и Бошковски имаа долго време да се подготват за бегство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира