ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ ОБВРЗАА ДА НЕ ГИ БЛOКИРААТ СМЕТКИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ

    ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ ОБВРЗАА ДА НЕ ГИ БЛOКИРААТ СМЕТКИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИМинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претседателот на Комората на извршители Зоран Димов денеска потпишаа Меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на овие лица.(Фото: МТСП)

    Извршителите нема да блокираат сметки на лицата кои примаат социјална помош. Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители денеска потпишаа Меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на овие лица.

    „Потпишувањето на Меморандум со Комората на извршители е со единствена цел  да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик, со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки. Со потпишувањето на овој Меморандум, ние ја изразуваме подготвеноста за соработка на полето на спроведувањето на социјалната политика и на Закот за извршување. Соработката ќе се темели на начелата и постапките предвидени со овој меморандум, а согласно прописите за заштита на личните податоци“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира