ЈА ЧЕКАМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, КАЖА АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР ЏОНСОН НА 70-ГОДИШНИНАТА НА АЛИЈАНСАТА

    ЈА ЧЕКАМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, КАЖА АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР ЏОНСОН НА 70-ГОДИШНИНАТА НА АЛИЈАНСАТАСенаторот Рон Џонсон беше во Скопје на 9 септември да даде поддршка за референдумот за името. (Фото: СДК.МК)

    Американските сенатори Џим Риш, Боб Менендез, Том Тилис, Џин Шахин, Рон Џонсон и Крис Марфи предложија резолуција за поддршка на НАТО и во чест на големите постигнувања што ги направи алијансата во изминатите 70 години.

    Сенаторот Џонсон, зборувајќи за резолуцијата, кажа дека едвај чека да ѝ посака добредојде на Северна Македонија во НАТО.

    „НАТО одигра клучна улога во одржувањето на стабилноста во Европа. Постојаната агресија на Русија и тестирањето на решителноста на западот ја прават важноста на НАТО денес многу очигледна. Најдобар начин да ја прославиме 70-годишнината на НАТО е да работиме на зајакнување на алијансата, и во тој дух, нетрпеливо очекуваме да ја пречекаме Северна Македонија како членка во блиска иднина”, вели сенаторот Џонсон.

    Премиерот Зоран Заев вчера во Охрид кажа дека очекува ратификувањето на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во американскиот Сенат да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври.

    Тој рече и дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари