ЈА ТЕПАЛ, ГРИЗЕЛ И ДАВЕЛ СОПРУГАТА СО КОЈА СЕ РАЗВЕДУВА ПРЕД НИВНАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА, ИАКО ИМА СУДСКА ЗАБРАНА ДА Ѝ СЕ ПРИБЛИЖУВА

    ЈА ТЕПАЛ, ГРИЗЕЛ И ДАВЕЛ СОПРУГАТА СО КОЈА СЕ РАЗВЕДУВА ПРЕД НИВНАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА, ИАКО ИМА СУДСКА ЗАБРАНА ДА Ѝ СЕ ПРИБЛИЖУВАОбвинителството бара притвор зашто тој не ги почитувал и ги прекршувал судските забрани, за што жената неколкупати го пријавувала во полиција. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството бара притвор за скопјанец кој ја тепал и малтретирал сопругата со која се во бракоразводна постапка и има судска забрана да ја контактира и да ѝ се приближува.

    На 3 октомври, 25-годишникот дошол пред влез на зграда на улицата Пушкинова во Кисела Вода, и најпрво ѝ се обратил со висок тон.  Пред нивната двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На жената ѝ нанел видливи повреди и продолжил да ѝ се заканува, одземајќи ѝ го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива, додека минувачка не повикала полиција.

    Осомничениот, со судска одлука од Основен граѓански суд Скопје, имал изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство спрема неговата сопруга – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да ѝ се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата. Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција“, велат од Обвинителството.

    Имајќи предвид дека осомничениот во континуитет претходно физички и психички ја малтретирал оштетената, јавниот обвинител оценил дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело или ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува. Со такво образложение, обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. ​

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира