ЈАНА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕ, АМА ДОБИ СВРШЕНИЧКИ ПРСТЕН ПРЕД 200 МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ

    ЈАНА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕ, АМА ДОБИ СВРШЕНИЧКИ ПРСТЕН ПРЕД 200 МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИВтората полуфинална вечер на Евросонг ја следеа над 200 милиони гледачи на телевизија. - Запросувањето и настапот на Јана Бурческа

    Јана Бурчевска, македонската претставничка на изборот за песна на Евровизија, не се пласираше во финалето со песната „Танцувај сам“ (Dance Alone), откако не се најде меѓу десетте песни со најмногу гласови во втората полуфинална вечер. Бурческа не успеа да ја прекине серијата на Македонија од пет години без пласман во финалето, иако го украде шоуто во Киев вечерва, првин со објавата дека е трудна во промотивниот спот пред нејзиниот настап, а потоа и со запросувањето.

    Среде гласањето на Евросонг, нејзиното момче Александар Филиповски, инаку гитарист во нејзиниот бенд „Оф битс“, ја запроси Јана Бурческа со клекнување и подарување свршенички прстен пред камерите на милиони гледачи на телевизија. Над 200 милиони гледачи вечерва ја следат полуфиналната вечер на Песната на Евровизија.

    Пред да настапи македонската претставничка на Евросонг со промотивниот спот објави дека е трудна. Во спотот што се пушта како најава пред секој настап на учесниците на евровизискиот фестивал во една сцена се појавува Јана на ехо преглед во гинеколошка ординација.

    Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари