ЈАНАКИЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО ШУТКА, ПРИТВОР ДОБИ И СПИРЕ РИСТОВСКИ

    ЈАНАКИЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО ШУТКА, ПРИТВОР ДОБИ И СПИРЕ РИСТОВСКИЕксминистерот Миле Јанакиески беше пуштен од затворот во Шутка во куќен притвор на 28 декември 2018 за предметот „Титаник“. (Фото: СДК.МК)

    На поранешните министри Спире Ристовски и Миле Јанакиески судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена како осомничени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал за организација на нападот на Собранието на 27 април лани.

    Двајцата, исто како и бившиот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој има пратенички имунитет, се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Осомничени во истрагата се и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски, кој е во притвор за друго дело, како и избеганите Никола Груевски и Никола Бошкоски.

    Јанакиески беше спроведен во притвoр на 14 ноември 2018 како обвинет во „Титаник“, набрзо по бегството на Груевски. Ексминистерот за транспорт и врски е обвинет во уште четири случаи на СЈО, за кои судењата се во тек. Беше пуштен од затворот во Шутка во куќен притвор на 28 декември 2018.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира