ЈАНЕВА БАРА ЛИДЕРИТЕ ДА НЕ СЕ КРИЈАТ ЗАД ПАРТИИТЕ ЗА СТОРЕНИОТ КРИМИНАЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА БАРА ЛИДЕРИТЕ ДА НЕ СЕ КРИЈАТ ЗАД ПАРТИИТЕ ЗА СТОРЕНИОТ КРИМИНАЛ

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека иако според Кривичниот законик, политичката партија може да биде одговорна како правно лице, досега ниту една политичка партија не одговарала за сторено кривично дело. Таа ја отвори темата за кривична одговорност на партиите на Меѓународната конференција за сузбивање на корупцијата, поддржана од Американската агенција за помош УСАИД.
    Јанева вели дека постои извесен парадокс во однос на ова прашање бидејќи политичките партии се носители на највисоките државни функции кога управуваат со државата, меѓутоа, сносат мала или незначителна одговорност за своите постапки.
    “Една од причините е што владејачката партија, како создавач на правните прописи што ги регулира активностите на власта, и ги дефинираат правата и обврските на одговорните лица, кои до одреден степен може да влијаат и врз судскиот систем, се во позиција да ја намалат можноста за санкционирање на своите постапки. Токму ова доведува до создавање на системот „Власт без одговорност“, односно, од една страна, им овозможува на политичките партии власт и функции, додека, пак, од друга страна, ризикот за санкционирање нелегални активности е минимален или не постои“, забележа Јанева.
    Таа потенцираше дека во Кривичниот закон на РМ, за разлика од други поразвиени држави, има член кој ја регулира одговорноста на партиите, како правни лица.
    “Со цел обезбедување на можност и механизам за една политичка партија да одговара, потребно е во посебниот дел од кривичниот законик за тоа кривично дело да е предвидена кривична одговорност на правното лице, а дејствијата на одговорното лице во правното лице да бидат преземени во име, за сметка или во корист на правното лице“, понуди решение Јанева, како на раководствата на партиите да им се оневозможи веќе да се кријат зад плаштот “правно лице“ и да вршат корупција и криминал колку сакаат, а притоа да не одговараат лично.
    Јанева и денеска побара воведување прецизно кривично дело во Казнениот законик – попречување на правдата. Кривично дело „попречување на правдата“ не е предвидено во кривичното законодавство во Република Македонија, а суштината на забранетото поведение е преточено во неколку одредби од кривичниот законик. Таа побара и СЈО да биде надлежно за овие дела, особено кога е попречувано во работата од институциите со кои треба да соработува, како Основниот суд Скопје1, јавните обвинителства, Финансовата полиција и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира