ЈАНЕВА ДОЈДЕ ДА МУ ОБЈАСНИ НА АНЕВСКИ ЗОШТО СЕ ОТКАЖА ОД „ПУЧ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА ДОЈДЕ ДА МУ ОБЈАСНИ НА АНЕВСКИ ЗОШТО СЕ ОТКАЖА ОД „ПУЧ“

    Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дојде во Советот на јавни обвинители на средба со претседателот Петар Аневски. Јанева е повикана од Аневски да објасни зошто се откажува од кривично гонење на сега ексобвинетите за случајот „Пуч“  Зоран и Соња Верушевски, Бранко Палифров службеник во Општина Струмица, и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    Четворицата ексобвинети во „Пуч“ се товареа за шпионажа, насилство врз преставници на највисоките државни органи, неовластено прислушување и за тонско снимање.

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на 18 јануари соопшто дека се откажа од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. СЈО тогаш изјави дека ваквата одлука е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира