Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дојде во просториите на Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО пред малку соопштија дека таа ќе даде изјава.
На Јанева, која на 15 јули депонираше оставка, а веќе утредента отвори боледување, минатата недела ѝ беше одземен едниот телефон за да се провери нејзината комуникација со првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, а вчера Обвинителството за организиран криминал и корупција го најде и вториот телефон, за кој таа тврдеше дека ѝ бил изгубен.
- КАТИЦА НЕ СМЕЕ ДА ЈА СНЕМА, И НА БОЛЕДУВАЊЕ МОРА ДА Е ДОСТАПНА
- ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО НАЈДЕ ИЗГУБЕНИОТ ТЕЛЕФОН НА ЈАНЕВА
Катица Јанева е единствениот овластен потписник во СЈО. Според Законот за Специјално јавно обвинителство, останатите обвинители само ѝ помагаат на специјалната обвинителка Катица Јанева, а не се ни овластени потписници на обвиненијата, ниту се овластени сами во нејзино име да издаваат какви било наредби, да поднесуваат жалби пред повисоки судови, ни да одговараат на жалби.
Никого од СЈО специјалниот обвинител не може да го овласти да ги врши функциите што со законот ги има само тој/таа, во негово/нејзино име да ги извршува. Тоа го регулира членот 9 став 3 од законот.