ЈАНЕВА, ЈОВЕСКИ И МЕМЕТИ МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ ЗА СУДСКИ РЕФОРМИ, ПРЕДВОДЕН ОД ЗАЕВ

    ЈАНЕВА, ЈОВЕСКИ И МЕМЕТИ МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ ЗА СУДСКИ РЕФОРМИ, ПРЕДВОДЕН ОД ЗАЕВПремиерот Зоран Заев на денешната владина седница. (Фото: Влада)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева, Јавниот обвинител Љубомир Јовески и Народниот правобранител Иџет Мемети ќе членуваат во Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, предводен од премиерот Зоран Заев, одлучи вечерва Владата.

    Членови ќе бидат и министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, претседателот на Здружението на судии Џемали Саити, претставник од Врховниот суд, по еден претставник од Апелационите судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и по еден претставник од Основните судови Скопје 1 и 2.

    Свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и Блу Принт групата на граѓански организации за правосудство. Во соопштението од Владата не е споменат претставник од Судскиот совет.

    Новиот совет за судски реформи се формира на местото на стариот, кој пропадна, т.е. се распушти. Тој беше составен од екперти и професори, а главен беше министерот Саљији.

    Работата на Советот за реформи на правосудството беше јавно критикувана од негови членови, а помеѓу нив: извршниот директор на Хелсиншкиот комитет Македонија Уранија Пировска, универзитетскиот професорот Гордан Калајџиев и универзитетската професорка Мирјана Најчевска. Пировска, Калајџиев и Најчевска поднесоа оставки од Советот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира