ЈАНЕВА НЕ ДАЛА НАРЕДБА ЗА БРИШЕЊЕ И УНИШТУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ВО КОМПЈУТЕРИТЕ, ВЕЛИ СЈО

    ЈАНЕВА НЕ ДАЛА НАРЕДБА ЗА БРИШЕЊЕ И УНИШТУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ВО КОМПЈУТЕРИТЕ, ВЕЛИ СЈОПојаснуваме дека Специјалниот јавен обвинител нема дадено наредба за било какво уништување на материјали, податоци или доказен материјал во рамките на обвинителството, било истиот да е во пишана или усна форма, соопшти СЈО откако попладнево редакцијата „360 Степени“ повикувајќи се на неименувани извори во ова обвинителство објави дека специјалната обвинителка Катица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите (Фото: К. Попов)

    Нема никаква наредба за бришење или уништување на какви било податоци од компјутерите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),  а активностите на ИТ службата во моментов се за зачувување на податоците, соопшти СЈО во демантот откако попладнево редакцијата „360 Степени“ повикувајќи се на неименувани извори во ова обвинителство објави дека специјалната обвинителка Катица Јанева  побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите.

    „Во врска со денешно објавените написи околу наводно издавање наредби за форензичко бришење или уништување на податоци во Специјалното јавно обвинителство, истите во целост ги демантираме. Појаснуваме дека Специјалниот јавен обвинител нема дадено наредба за било какво уништување на материјали, податоци или доказен материјал во рамките на обвинителството, било истиот да е во пишана или усна форма. Сите активности кои во континуитет се преземаат се единствено во насока на зачувување на сите податоци, информации, документи и списи кои се предмет на работењето на ова обвинителството. Водејќи се од правилата за обезбедување на безбедносни, технички и организациски мерки во делот на заштитата на целокупниот материјал кој се наоѓа во обвинителството, сочувувањето на неговиот интегритетот е од висок приоритет, и во ниту еден случај не би се дозволило по било кој основ истиот да биде доведен во опасност“, соопшти СЈО на официјалната веб-страница.

    Во СЈО велат дека чистењето од вируси на компјутерите на стручните соработници и зачувувањето на податоците е во тек веќе 5 месеци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира