ЈАС МУ ДАДОВ ДОНАЦИЈА И ПОЗАЈМИЦА НА БОКИ, МЕНЕ НИКОЈ НЕ МИ ПРЕФРЛИЛ ПАРИ, СВЕДОЧЕШЕ ЛИЛА НА „РЕКЕТ“

    ЈАС МУ ДАДОВ ДОНАЦИЈА И ПОЗАЈМИЦА НА БОКИ, МЕНЕ НИКОЈ НЕ МИ ПРЕФРЛИЛ ПАРИ, СВЕДОЧЕШЕ ЛИЛА НА „РЕКЕТ“Водителката Лила денеска сведочеше на судењето за „Рекет“. (Фото: К. Попов)

    Водителката Лила Стојановска, блиска пријателка на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, сведочењето денеска во „Рекет“ го почна со тоа што кажа дека го познава, но веќе не се пријатели.

    „15 години го знам, се скаравме 4 години, па се смиривме. Ми побара донација од 20.000 евра за ‘1тв’, му дадов да помогнам. Во август 2018 и позајмица од 500.000 денари му дадов на сметката на ‘БМЈ Медиа груп’, сопственикот на телевизијата. И никој мене не ми префрлил пари, па за јас да префрлам на телевизијата, тоа го кажав и во Обвинителството за организиран криминал. Јас сум му давала пари, а мене никој не ми уплатил“, одговараше на прашања Лила Стојановска.

    Одговори и дека имале заеднички викенди, а класичен одмор планирале дента кога го уапсија. Планирале да одат на Миконос.

    „Одморот го планираше Бојан. Кажа дека сè е организирано. Веројатно било платено однапред, не стигнав да дознаам. Јас си имам свои пари, си зедов со себе, не е должен мене никој да ме части. Веројатно ќе требаше потоа да се доплати, затоа си имав свои пари“, рече Лила Стојановска.

    Бојан Јовановски немаше прашања за пријателката.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира