„ЈАВНА СОБА“ Е ШАНСА ЗА ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ПОКАЖАТ ДЕКА СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА И ВО ПРАКСА, КАЖАА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ НА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

    „ЈАВНА СОБА“ Е ШАНСА ЗА ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ПОКАЖАТ ДЕКА СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА И ВО ПРАКСА, КАЖАА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ НА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕЗа поддршка на жртвите на групата Јавна соба се маршираше од МВР до Јавното обвинителство. (Фото: К. Попов)

    Платформата за родова еднаквост денес организираше протестен марш за поддршка на жртвите на групата Јавна соба на Телеграм. Учесниците маршираа од Министерството за внатрешни работи, преку булеварот Кочо Рацин и кејот Димитар Влахов до зградата на Јавното обвинителство.

    Организаторите на настанот побараа од МВР И ОЈО да ја затворат групата Јавна соба и сите членови да добијат соодветни казни, да го регулираат сексуалното вознемирување со закон и да се овозможи соодветна грижа за жртвите.

    „Ги охрабруваме жртвите на ‘Јавна соба’, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса, да проговорат и да побараат правда. Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно“, велат од платформата за родова еднаквост.

    За случајот Јавна соба досега се приведени четири лица.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира