ЈАВНИОТ СЕКТОР БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 2.806 ДЕНАРИ ИЛИ ОСТАВКИ, ПОЧНА ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК НА ССМ

    ЈАВНИОТ СЕКТОР БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 2.806 ДЕНАРИ ИЛИ ОСТАВКИ, ПОЧНА ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК НА ССМСиндикалните лидери штајкот го означија пред Собранието каде беа поставени 120 столчиња колку што има пратеници. (Фото: К. Попов)

    Вработените во јавниот сектор денеска го почнаа генералниот штрајк за зголемување на платите за 2.806 денари. Вработените од 10 до 11 часот прекинаа со работа и протестираа пред работните места. Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) почетокот на штајкот го означија пред Собранието каде беа поставени 120 столчиња колку што има пратеници, за да ги потсетат дека треба да бидат усвоени синдикалните барања.

    Претседателот на ССМ Дарко Димовски кажа дека за време на штрајкот ќе работат само 10 проценти од вработените, за да се одвива неопходното функционирање на државата.

    Доколку штрајкот не вроди со плод, тоа значи последица. Како што имаме последица денеска по нас работниците, штрајкуваме под притисоци, па ни викаат нема да ви дадеме дневница, ние ќе си бараме оставка. Дали ќе биде од градоначалник, дали ќе биде од министер, дали ќе биде од влада, од локална управа, тоа ќе биде наша проценка“, рече Димовски.

    Штрајкот ќе продолжи утре пред Владата, каде ќе биде поставено 21 столче за членовите на Владата во период од 10 до 14 часот, а в петок ќе се протестира пред Министерството за финансии.  

    Барањата на ССМ се линеарно зголемување на сите плати во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што во февруари беше покачена минималната плата, како и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од платата од наредната година. Генералниот штрајк, го најавија како одговор на одбивањето на Владата да ги прифати нивните барања, а потребата од покачувањето на платите меѓу другото ја правдаат со кризата и поскапувањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира