ЈОВАН ИЛИЕВСКИ, БАЏАНАКОТ НА МИЈАЛКОВ, ИЗБРАН ЗА СУДИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Стразбур,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈОВАН ИЛИЕВСКИ, БАЏАНАКОТ НА МИЈАЛКОВ, ИЗБРАН ЗА СУДИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    Јован Илиевски, шефот на Обвинителството за организиран криминал, е новиот судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур, на местото на Мирјана Лазарова–Трајковска, чиј мандат истекува на 31 јануари 2017 година.
    Илиевски добил 106, а уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска 86 гласа од европратениците кои денеска до 17 часот тајно гласаа за еден од тројцата кандидати од Македонија: Габер-Дамјановска, Илиевски и амбасадорот во Ватикан , професорот Звонимир Јанкулоски.
    Пред гласањето во Комисијата за избор на судии во Европскиот суд за човекови права при ПССЕ предложи останатите членови на ПССЕ да гласаат за кандидатурата на Наташа Габер – Дамјановска за судија од Македонија. Комисијата ги разгледа кандидатурите на тројцата кандидати од Македонија, по што тие беа повикани на интервју минатата недела во Париз. По интервјуата, со тесно мнозинство од гласовите во Комисијата, предност и беше дадена на Наташа Габер-Дамјановска пред Јован Илиевски.
    Но, мнозинството пратеници во Парламентарното собрание им им припаѓа на десничарските, сестрински партии на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници цела недела агресивно лобирале кај нив да гласаат за Илиевски.
    Јован Илиевски беше поставен на функцијата Јавен обвинител за организиран криминал во време кога неговиот баџанак, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков беше на функција. Антикорупциската комисија во овој случај не виде судир на интереси.
    Откако е на функцијата, ова Обвинителство поведе истраги со мерка притвор против десетици осомничени, кои потоа како обвинети на судските процеси јавно кажуваа дека се во притвор поради тоа што се неистомисленици со режимот и оти се жртви на политичка одмазда под диктат на режимот на експремиерот Никола Груевски, неговиот братучед Мијалков и оти одмаздничките апсења и монтирани обвиненија и судски процеси се спроведуваат токму преку баџанакот Илиевски.
    Илиевски ќе остане запаметен по тоа што во негово време затворот Шутка беше преполнет, достигнувајќи ја бројката до скоро 500 притворени лица.
    Љубе Бошкоски, д-р Дејан Ставриќ, Шпион, Пуч, каде обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев, се само дел од обвиненијата што ги потпиша Илиевски.
    Тој меѓутоа остана настрана по објавувањето на бомбите на опозицијата со индиции за тежок криминал во власта и не отвори ниту една истрага. Не го стори тоа ни Зврлевски, поради што мораше да се формира Специјално јавно обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира