ЈОВЕСКИ ЈА СУСПЕНДИРАШЕ РУСКОВСКА ПОРАДИ ПРЕТРЕСОТ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

    ЈОВЕСКИ ЈА СУСПЕНДИРАШЕ РУСКОВСКА ПОРАДИ ПРЕТРЕСОТ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈАЉубомир Јовески, Вилма Русковска, Арафат Муареми (Фото: СДК.МК)

    Јавниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа од страна на директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми, соопшти Јавното обвинителство.

    Русковска, со судска наредба, изврши претрес во Финансиска полиција на 18 јули по анонимни пријави од граѓани, а на 8 август Муареми во врска со претресот поднесе кривични пријави против Русковска и двете обвинителки од нејзиното обвинителство, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, кои го спроведоа претресот. 

    Како што соопшти Јавното обвинителство, Јовески денеска поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на трите обвинителки, за кои од Јавното обвинителство велат дека постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира