ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ И ЧЕТВОРИЦА ВРХОВНИ СУДИИ ШТО ГО ПУШТИЈА СЕАД КОЧАН ДА ИЗБЕГА НА ДНЕВЕН РЕД ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ

    ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ И ЧЕТВОРИЦА ВРХОВНИ СУДИИ ШТО ГО ПУШТИЈА СЕАД КОЧАН ДА ИЗБЕГА НА ДНЕВЕН РЕД ЗА РАЗРЕШУВАЊЕНе се знае како ќе постапи Судскиот совет: дали ќе одлучува за секој од петте членови поединечно, според тоа кој како гласал, дали за сите ќе донесе истоветна одлука, или на крајот сепак ќе ја отфрли иницијативата бидејќи Уставот им гарантира на судиите во предметите самостојно да одлучуваат, а одлуките се тајни. - претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврлески (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет испратил известување до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и до останатите 4 члена на кривичниот совет кој го ослободи од притвор бизнисменот во бегство Сеад Кочан дека стасала точката за предлогот за нивно разрешување, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК . Известени се за основите за кои се бара разрешување на петтемина врховни судии и од нив се бара да одговорат на дописот.

    Покрај Вангеловски, тоа се и врховните судии  Рахилка  Стојковска и Ристо Катавеновски, кои гласаа за ослободувањето на Кочан, но и двајцата кои гласаа против, Џемали Саити и Фаик Аслани. Сите пет врховни судии имаат обврска во рок од 8 дена да одговорат на предлозите за нивно разрешување и да дадат писмено објаснување и видување за предметот и за нивните одлуки „за“ или „против“.

    Предлогот за разрешување е за сите петмина, без оглед кој како гласал. Не се знае како ќе постапи Судскиот совет: дали ќе одлучува за секој од петте членови поединечно, според тоа кој како гласал, дали за сите ќе донесе истоветна одлука, или на крајот сепак ќе ја отфрли иницијативата бидејќи Уставот им гарантира на судиите во предметите самостојно да одлучуваат, а одлуките се тајни.

    Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски по функција членува во Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за периодот 2017-2022, во кој член е и Специјалната обвинителка Катица Јанева, а на чие чело е премиерот Зоран Заев.

    Сеад Кочан, чие судење во предметот на СЈО „Труст“ во моментов привршува во Основниот суд Скопје 1, избега во април лани. Избега веднаш штом му беше одредена мерка притвор. Беше осомничен за добивање противзаконски тендер од 17 милиони евра од минатата власт, со лажна документација.

    Во меѓувреме, на иницијатива на Вангеловски, Општата седница на Врховниот суд расправаше и на 27 април лани донесе одлука тогашниот државен обвинител Марко Зврлевски да може да се меша во предметите на СЈО и да поднесува Барање за заштита на законитоста после секоја одлука на СЈО. Зврлевски поднесе предлог до Врховниот суд, а кривичниот совет под раководство на Вангеловски на 12 мај ги укина одлуките на Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд Скопје од март лани, со кои му беше одредена мерка притвор. Кочан по одлуката на петчлениот кривичен совет на Врховниот суд уште истата вечер се врати во Макекедонија, преку граничниот премин Табановце.

    Судовите повторно одлучуваа, ја прифатија понудената гаранција од 900 илјади евра и Кочан беше пуштен да се брани од слобода.

    Во меѓувреме, тогашниот в.д. претседател Стојанче Рибарев го смени распоредот и членовите на кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој првично му ја одреди мерката притвор на Кочан.

    До денеска, ниту еден судија не одговарал не само за овој случај, туку за ниту еден друг во кои судии отворено ги блокираа предметите на СЈО во кои осомничени или обвинети се функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

    Нема одговорност ниту за предметите кои со години во најголемите судии биле местени на рака од претседателите.

    Нема одговорност што извршни судски (затворски) пресуди никогаш не се спроведени, а злоупотребите и противзаконското работење во Обвинителството, ниту сега, ниту во минатото, никој не ги истражува.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира