КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ПО СТАРО, ДО ПОЛНОЌ ПРЕКУ НЕДЕЛА И ДО 1 ЧАСОТ ЗА ВИКЕНД, ОСТАНУВА МЕРКАТА ПРОТИВ ГРУПИРАЊЕ

    КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ПО СТАРО, ДО ПОЛНОЌ ПРЕКУ НЕДЕЛА И ДО 1 ЧАСОТ ЗА ВИКЕНД, ОСТАНУВА МЕРКАТА ПРОТИВ ГРУПИРАЊЕУгостителските објекти беа повторно отворени на 28 мај и досега им беше дозволено да работат до 20 часот. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Се враќа старото работно време на угостителските објекти.

    Владата на денешната седница донесе нова Уредба со која се регулира работното време на угостителските објекти. Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши кафулињата и рестораните во работните денови ќе можат да бидат отворени до полноќ. За време на викендите односно во петок и сабота ќе можат да работат до еден часот по полноќ.

    Угостителските објекти беа повторно отворени на 28 мај и им беше дозволено да работат до 20 часот. За кафулињата и рестораните и понатаму важат протоколите за работа поради епидемијата на КОВИД-19. На една маса можат да седат само двајца гости, четворица само ако се од исто семејство. Масите треба да се одалечени една од друга најмалку 1,5 метар. Забрането е седење на коњопои и на шанк.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира