Премиерот Оливер Спасовски е длабоко разочаран од она што вчера се случи во Струга и рече дека станува збор за сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните, но и неодговорност кон државата. Спасовски денеска беше во посета на Пробиштип и беше прашан за вчерашната литија во Струга, каде што граѓани масовно се собраа, не држеа дистанца и не носеа маски.
„Нема поголем приоритет, нема поголем интерес поединечен, на одредена група, на верска заедница, на политичка партија. Јас очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и сум длабоко разочаран од постапката која се направи вчера во Струга како човек“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.
- ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА СТРУШКАТА ПОЛИЦИЈА ДА ГИ ИДЕНТИФИКУВА УЧЕСНИЦИТЕ И ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ЛИТИЈАТА И ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ ДОШЛЕ САМОИНИЦИЈАТИВНО
- РАЗОЧАРАН СУМ, МАСОВНИОТ СОБИР ВО СТРУГА Е НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ
- МАСОВЕН ВЕРСКИ СОБИР БЕЗ МАСКИ ВО СТРУГА, МПЦ ГО НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ БИДЕ БЕЗ ВЕРНИЦИ
Спасовски очекува сите надлежни институции да преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и за оние кои не постапиле да се спречи една ваква организација.
„Очекувам и Јавното обвинителство и МВР да ги испитаат сите аспекти од овој настан и како што имавме и други настани во други места за непочитување на одлуката за не групирање повеќе од двајца да бидат преземени соодветни мерки“, рече Спасовски.